Демократската унија за интеграција ѝ честиташе на Радмила Шеќеринска за нејзиното назначување за заменик генерален секретар на НАТО.
„Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО. Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија“, велат од ДУИ.
Од ДУИ велат дека Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност.