Home » Дудуш до Арсовска: Колешке, извинете ми се, или се гледаме на суд

Дудуш до Арсовска: Колешке, извинете ми се, или се гледаме на суд

by Журнал.мк

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, упати остри обвинувања кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, соопштувајќи дека ѝ е испратена опомена пред тужба поради, како што наведува, нарушување на неговиот углед и клевети.

-Маглата околу причините за нервозата на градоначалничката почна да се расчистува, изјави Дудуш, обвинувајќи дека Александар, возач во Град Скопје, диригира инспекторски активности кои имаат цел да го дискредитираат.

„Записници и докази против мене нема, затоа очајно се обидуваат да измислат и фалсификуваат.“

Дудуш потенцира дека Арсовска преку соопштение и интервју од 27 ноември 2024 година ја нарушила неговата чест и кредибилитет, па поради тоа презема правни чекори.

-Колешке, ви ја разбирам нервозата, но срамот и незнаењето со инспекции и со клевети и навреди не се покрива. Бидете барем малку чесна и извинете се за кажаните лаги и невистини и ќе имаме одлична основа да седнеме на маса и со вашето знаење и моето искуство дупло од Вашето во менаџирање на локални проблеми и предизвици, ќе се обидеме да најдеме решенија,“ додаде тој.

На крај, Дудуш упати порака до Арсовска: „Во спротивно, се гледаме на суд.“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk