Home » Дубаи го „пикираше“ Светислав Пешиќ за тренер во походот на Европа

Дубаи го „пикираше“ Светислав Пешиќ за тренер во походот на Европа

by Lina Muslija

КК Дубаи би можел да биде најновиот клуб во Евролигата. Тимот од ОАЕ во следната сезона ќе игра во Еврокупот, а според шпанските медиуми, оваа екипа потоа во следните шест години ќе биде дел од најсилната европска лига – Евролига.

Девет клуба кои се акционери на Евролигата, гласале за влез на клубот од Азија, а воздржани биле два клуба, додека два тима беа против (Олимпијакос и Макаби).

Дубаи за седмогодишниот договор ќе внесе големи пари во европската кошарка, а вредноста првобитно е најавена на 5 милиони евра по сезона.

Клубот исто така ќе биде учесник и во АБА кошаркарската лига. Се очекува нов тренер да им биде актуелниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ. Засега не е познато дали тоа ќе значи дека Пешиќ ќе го напушти кормилото на Србија, или паралелно ќе ги работи сите функции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More