Home » Дуа Липа повикала на прекин на огнот во Газа: „Од моето искуство на Косово, знам што прави војната“

Дуа Липа повикала на прекин на огнот во Газа: „Од моето искуство на Косово, знам што прави војната“

by Журнал

Во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“, Дуа Липа искрено говорела за своето мислење во врска со војната во Газа и објаснила зошто со години ги истакнувала своите пропалестински ставови, уште еднаш повикувајќи на прекин на огнот.

Дуа Липа изјавила дека иако како музичка ѕвезда веројатно „полесно е да се биде аполитичен“, таа сепак се чувствува обврзана да зборува за војната меѓу Израел и Хамас и да продолжи да повикува на „хуманитарен прекин на огнот“.

„Мислам дека нема длабока дискусија за војната и угнетувањето. Тоа е само нешто што го видовме како се случува одново и одново. Моето постоење е на некој начин политичко, фактот што живеев во Лондон затоа што моите родители ја напуштија војната“, рекла таа и објаснила: „Јас сочувствувам со луѓето кои мораат да го напуштат својот дом. Од моето искуство во Косово, разбирам што значи војната, никој навистина не сака да го напушти својот дом. Тие го прават тоа за заштита, за да го спасат своето семејство, поради грижата за луѓето околу нив, за подобар живот. Така што тоа чувствув ми е блиско“, истакнала таа.

„Моето постоење е на некој начин политичко, факт е дека живеев во Лондон бидејќи моите родители побегнаа од војната“, изјавила таа и појаснила: „Сочувствувам со луѓето кои мораат да ги напуштат своите домови. Од моето искуство од животот во Косово и разбирањето што војната може да направи, никој навистина не сака да го напушти својот дом. Тоа го прават поради заштита, за да си го спасат семејството, да се грижат за луѓето околу себе, нешто слично, за подобар живот. Така, тоа го чувствувам одблиску“.

Истакнала и како нејзините чувства кон раселените се многу реални и сурови и „тешко е да се зборува за тоа бидејќи има толку многу поделби“.

„Се чувствувам толку лошо за секој изгубен израелски живот и она што се случи на 7 октомври“, зборувала таа за нападите кои ги започнал Хамас.

Липа претходно се придружила на неколку други јавни личности во потпишувањето отворено писмо само неколку недели по нападот во кое претседателот Бајден е повикан да „овозможи прекин на огнот без одлагање“.

„Во овој момент, она што мораме да го согледаме е колку животи се изгубени во Газа, невини цивили и животи кои се губат. Едноставно нема доволно светски лидери кои заземаат став и зборуваат за хуманитарната криза која се случува, хуманитарниот прекин на огнот кој мора да се случи“, порачала Липа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More