Инспекторите од Државниот санитарен инспекторат во понеделник ќе влезат на Клиниката за кардиохирургија да извршат увид во медицинската документација за лекувањето на 57 годишниот пациент Тони Ангелковски.
Инспекторите од Државниот санитарен инспекторат во понеделник ќе влезат на Клиниката за кардиохирургија да извршат увид во медицинската документација за лекувањето на 57 годишниот пациент Тони Ангелковски, кој почина пред три дена чекајќи операција со сериозни компликации на аортата..
Како што соопштија од семејството за Канал 5, од Клиниката на пациентот му рекле дека во моментот немаат услови да го оперираат и оти немаат слободна сала за операција..
Од Клиниката велат дека пациентот имал раслојување на аортата и дека шансите да преживее при хируршката интервенција биле исклучително мали и затоа сметале дека зафатот би бил високоризичен..
Од ДСЗИ информираат дека ќе земат изјави од целиот лекарски тим кој бил на смена во текот на третирањето на пациентот..