Home » ДСЗИ ги засилува контролите – нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца не смеат во градинка

ДСЗИ ги засилува контролите – нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца не смеат во градинка

by Журнал.мк

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби одлуката од министерот за здравство за засилени контроли во градинките, согласно препораката на Комисијата за заразни болести.

Комисијата препорача нецелосно вакцинираните и невакцинираните деца да не одат во градинка за да се заштита себе, но и останатите поради епидемијата на голема кашлица во Скопје.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со вакцината дитепер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина. Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во Понеделник на 11.03.2024 година со издавање решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со дитепер или се нецелосно имунизирани со дитепер и други наложени епидемиски мерки“, велат од Инспекторатот.

Инспекторите ќе ги задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со дитепер ќе им советуваат да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More