Home » ДС: Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување

ДС: Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување

by Журнал.мк

Демократскиот сојуз нагласува дека мерит-системот треба да биде единствената алатка за вработување и унапредување на повисоки раководни места во државните и јавните институции.

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со која директно се кршеше начелото на уставно загарантирано право на работа и слободен избор на вработување на сите граѓани, независно од нивната етничка, верска и социјална припадност, велат од партијата.

-Балансерот поттикна бројни злоупотреби и направи вистинска карикатура од декларирањето на етничката припадност на граѓаните, кои само за да се доберат до работно место во државната администрација, масовно лажно се прикажуваа како Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби. Демократскиот сојуз нагласува дека мерит-системот треба да биде единствената алатка за вработување и унапредување на повисоки раководни места во државните и јавните институции. Што се однесува до соодветната и правична застапеност на етничките заедници, која исто така е уставна категорија, важно е да потенцираме дека припадниците на етничките заедници може да имаат предност при вработувањето во државните и јавните институции на национално и на локално ниво, единствено доколку со другите кандидати се изедначени во професионалните квалитети. Тоа е суштината на позитивната дискриминација која се применува како успешен модел во некои мултиетнички општества на Запад, велат од Демократски сојуз.

„Етничката припадност не може и не смее да биде критериум за вработување и за унапредување на раководни позиции во јавните институции. Законот за правична застапеност кој се најавува како замена за укинувањето на т.н. Балансер, мора да ги има предвид овие европски и светски стандарди“ – посочуваат од партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk