Home » Државна ревизија: 39 отсто од лековите на скопска Дерматологија се со поминат рок

Државна ревизија: 39 отсто од лековите на скопска Дерматологија се со поминат рок

by Журнал.мк

Државниот завод за ревизија констатирал низа неправилности и недоследности во работата на скопската Клиника за дерматологија.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, во 2023 година, Клиниката примила лекови во вредност од 37,4 милиони денари, но во интерните евиденции се прикажани издадени лекови во вредност од 27,4 милиони денари, што создава разлика од 8,8 милиони денари. Пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39 отсто се лекови со поминат рок.

Ревизорите утврдиле дека Клиниката добила 13 милиони денари за набавка на апарати и лекови, без претходно стручно образложение за потребата од истите. Од оваа сума, речиси 10 милиони денари биле потрошени за два ласери, кои до денот на ревизијата сè уште не биле ставени во употреба.

Клиниката се соочува со ненаплатени побарувања од Министерството за здравство во висина од 1,3 милиони денари, чија наплата е неизвесна.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk