Home » Државата се соочува со недостиг на обрасци за пасоши, МВР тврди дека се било во ред

Државата се соочува со недостиг на обрасци за пасоши, МВР тврди дека се било во ред

by Журнал

Гужви, нервози, со часови стоење и чекање за сликање, а граѓаните не ни ги добиваат личните документи кои мора да ги сменат ни криви ни дожни. Причината – МВР нема доволно обрасци за изработка на пасоши, а веројатно и за лични карти и возачки дозволи, тврди Народниот правобранител. Насер Зибери посочува дека стигаат жалби оти не се почитува рокот за издавање документи и покрај енормните трошоци на кои се изложени граѓаните за смена на документи, како и за тоа дека има проблем со термините.

Овие претставки почнаа да пристигнуваат по нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи, вели Насер Зибери во интервју на Радио Слободна Европа.

Министерството на Спасовски молчи за прашањето дали има обрасци, иако за ова, покрај Народниот правобранител со денови алармира и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Алфа побара изјава од МВР, но од таму добивме само писмен одговор дека работеле со сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи, како и дека секој што закажал термин е сликан, но не ни кажаа дали и колку обрасци имаат.

Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи. Покрај редовното работење со закажан термин, овозможивме и фотографирање за лични документи без закажан термин во ПС Пролет, велат од МВР.

До сега од петти јули 2021 година до 16-ти месецов сменети се над еден милион лични карти и пасоши и над 500 илјади возачки дозволи , што од џебот на граѓаните слеа милиони во државната каса, а на семејствата им зеде стотици евра од домашниот буџет среде економска и енергетска криза.

Лични карти 1.050.439

Пасоши 1.211.776

Возачки дозволи 546.741

Откако со денови граѓаните се измрнаа пред пунктовите на МВР, власта се смилува и се сети дека можело и поинаку да се реши, но само за личните карти. Тие ќе важат и по 12-ти февруари, но само за внатрешна употреба. Поради Преспанскиот договор, кој следи по неуспешниот референдум во 2018, со пасош или лична карта без Северна, нема да можете никаде надвор од државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More