ФК Шкендија Тетово го официјализираше ангажманот на Дрилон Ислами, 25-годишен фудбалер кој ќе настапува на позицијата одбранбен среден во редовите на тетовскиот клуб.
Ислами доаѓа како засилување во средниот ред, каде се очекува да донесе дополнителна стабилност и сигурност во дефанзивната фаза. Клубот со овој трансфер ја зајакнува конкуренцијата на една од клучните позиции во тимот.
Новиот фудбалер на Шкендија веќе му е ставен на располагање на стручниот штаб и се очекува наскоро да го има својот деби настап во дресот на „црвено-црните“.







