-5.2 C
Skopje
13 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДрастичен скок на цените на недвижностите во ЕУ: Која земја е рекордер...

Драстичен скок на цените на недвижностите во ЕУ: Која земја е рекордер со раст од 275 проценти?

- Advertisement -spot_img

Пазарот на недвижности во Европската Унија(ЕУ) забележа значителен раст во третиот квартал од 2025 година, при што цените на становите се зголемија за 5,5 проценти, додека кириите се зголемија за 3,1 процент во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците на Евростат објавени денеска, трендот на зголемување на цените продолжи на квартално ниво, па така недвижностите се поскапи за 1,6 проценти од вториот квартал од 2025 година, а кириите се поскапи за 0,9 проценти.

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ се зголемија за дури 63,6 проценти во просек, додека кириите се зголемија за 21,1 процент.

Додека кириите растеа постојано и без поголеми шокови во текот на изминатата деценија, цените на становите флуктуираа, бидејќи периодите на стагнација се менуваа со фази на екстремно брз раст.

Кога се разгледуваат поединечните земји-членки, Унгарија се издвојува како апсолутен рекордер по зголемување на цените, бидејќи цените на становите во таа земја се зголемија за дури 275 проценти од 2015 година.

Покрај Унгарија, цените се зголемија повеќе од двојно во 11 други земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде што е забележано зголемување од повеќе од 150 проценти.

Исклучок на картата на Европа е Финска, која е единствената земја каде што цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, односно се намалија малку за два проценти.

foto Wikipedia/Pasztilla aka Attila Terbócs

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img