Синоќа во 22:05 часот на улицата „Цветан Димов“ во Тетово, полицијата го уапсила Ш.Р.(32) од градот, соопшти МВР.
Тој возел автомобил „Опел“ со скопски таблички, во кој имало уште тројца мажи, а на улицата„Тодор Циповски Мерџан“не застанал на даден знак за запирање кој го дале полицајци.
Кога автомобилот бил запрен на улицата „Радован Цониќ“, Ш.Р. со вратата од возилото удрил полицаец и избегал, пишува во полициското соопштение.
„Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Околу 22:05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.