14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Драма во Неготино: Ограбил казино и мајка му го пријавила во полиција!

Најчитани вести

Неготино, 27 декември– Вчера околу осум часот наутро, 24-годишно момче го ограби казиното кое што се наоѓа на главната улица Маршал Тито во Неготино. Настанот кој што ги вознемири неготинчани се случуваше во центарот на градот, каде е сместено казиното, веднаш до градската библиотека и аптека, пред очите на многу минувачи.

Имено, според СВР Велес, момчето влегло во казиното носејќи со себе нож и со закана кон вработените ги одзело парите, по што побегнало. Сепак, кражбата за која што можеби помислил дека поминала лесно, завршила неславно, откако неговата мајка, кога дознала што се случило, без двоумење повикала полиција и го пријавила.

“Полициските службеници околу 10.30 часот го лишиле од слобода момчето. При прегледот биле пронајдени парите украдени од казиното, истите биле веднаш вратени, а сторителот го признал делото. Тој е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, ни изјави Верољуб Додевски,” портпарол на СВР Велес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com