Home » Драма во авион што полетал од Тирана: патник починал за време на летот, имало итно слетување

Драма во авион што полетал од Тирана: патник починал за време на летот, имало итно слетување

by Журнал.мк

Патник починал за време на лет во авион на Рајанер, пренесува Билд.

Според медиумите, инцидентот се случил во неделата вечерта во авион кој летал од Тирана, Албанија за Манчестер, Англија.

Авионот принудно слета во Лондон.

Според извештаите на медиумите, авионот веќе ги прелетал Швајцарија и Франција кога се случил инцидентот. Спасувачките екипи чекале на аеродромот Станстед во Лондон, но за жал можеле само да ја потврдат смртта на патникот.

Станува збор за маж, но засега не се знае колку години имал, ниту околностите на неговата смрт.

Портпаролот на службата за брза помош на Источна Англија го потврди инцидентот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk