Home » Драма на автопат: Не застанал на СТОП, па се обидел да удри во полицаец – имало и пукање

Драма на автопат: Не застанал на СТОП, па се обидел да удри во полицаец – имало и пукање

by Журнал.мк

На 06.06.2024 во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К.(43) од село Злеово, радовишко.

Околу 01.30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив.

Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More