Home » Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ пред делба на имотот: Ова е империјата за која ќе се борат на суд (фото)

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ пред делба на имотот: Ова е империјата за која ќе се борат на суд (фото)

by Lina Muslija

Борбата за имотот започна, па Драгана Мирковиќ и нејзиниот поранешен сопруг Тони Бијелиќ наскоро ќе се најдат на суд.

А имаат многу што да споделат. Од палатата, до зградата, па многу скапи автомобили. Се започна пред повеќе од две децении. Во тоа време, непознат за јавноста, Тони Бијелиќ создаваше империја во Виена.

Тони имал голема љубов кон автомобилите, па тоа го претворил во бизнис кој му го донел богатството во кое ужива денес.

Тони Бијелиќ е сопственик на повеќе компании од автомобилската индустрија. Дури успеал да ја купи и компанијата Maybach која произведува автомобили со минимална вредност од 70 илјади евра.

 

Предмет на поделба ќе биде замокот Ебенфурт кој го изнајмиле на 100 години и кој по реновирањето со површина од 12.000 метри квадратни се проценува на повеќе од 50 милиони евра.

Во заедничкиот имот стекнат за време на бракот наводно е вклучена и телевизијата ДМ сат, како и зградата во Пожаревац каде што се наоѓа медиумската станица.

Покрај тоа, Драгана и Тони поседуваат скапоцен возен парк, чија вредност се проценува на повеќе од пет милиони евра. Пред повеќе од 10 години, брачната двојка купила и фабрика за автомобили, која се уште е во нивна сопственост.

Тони Бијелиќ, откако се дозна дека се разведува од пејачката Драгана Мирковиќ и дека има нова девојка, купил имот во близина на Опатија.

фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More