„Оди си“ е насловот на најновиот сингл на Драгана Јовановска, која беше објавена на почетокот на месецов на скоро сите музичките платформи. Летна нумера, која одлично ќе оди со долгите и жешки летни ноќи и секако дневните забави кои се пред нас.
– Оваа песна ми беше љубов при првото пеење и смислување на рефренот. Станува збор за мојата прва соработка со Иван и мислам дека супер се вклопивме и се разбравме што сакаме да направиме. За текстот беше задолжен Таско, кој својата работа ја заврши фантастично, вели Драгана.
Таа зад себе веќе ги има и сингловите „Случајно“, „Гламур“ и „Камиказа“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива