Home » ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек

ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек

by Журнал.мк

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговарајќи на новинарско прашање за случајот со приредбата на ученици со импровизирани пушки и униформи во Основното училиште „7 Март“ во Челопек, потенцираше дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ) донел заклучок директорот да преземе дисциплинска постапка кон наставничката, а препорака кон градоначалникот да преземе соодветни мерки за директорот, при што ќе отиде повторно да види што е направено.

Таа најави спроведување на обуки за мултиетничност кон крајот на јануари.

– ДПИ постапи и мислам дека тоа не е наредба, туку е заклучок или решение. Директорот требаше да преземе дисциплинска постапка кон одредена наставничка, јас не знам која е, а исто така има и препорака за градоначалникот да преземе соодветни мерки за директорот. ДПИ ќе оди повторно да види што е направено. Овие процеси бараат време. Тие се со рокови по закон, рече Јаневска која денеска беше во посета на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk