Home » Дознајте колку навистина е стара вашата кожа со тест кој трае само неколку секунди

Дознајте колку навистина е стара вашата кожа со тест кој трае само неколку секунди

by Журнал.мк

Овој тест обезбедува едноставен начин за проценка на состојбата на кожата и може да биде корисен при изборот на вистинската нега и третман за одржување на младешки изглед.

Кожата, најголемиот орган на човечкото тело, има своја уникатна способност да ги памети сите повреди и штети што ги претрпува во текот на својот живот, без разлика дали тоа е резултат на сончање, солариум или недоволна грижа.

Со текот на времето, како што старееме, кожата ја губи својата еластичност и станува потенка, создавајќи брчки, а овие промени стануваат особено забележливи по 45-тата година од животот.

На пазарот има многу различни креми, лосиони и препарати кои ветуваат чуда и тврдат дека можат да го забават или запрат процесот на стареење.

За жал, ниту еден производ не може вистински да го запре времето, но начинот на кој се грижиме за нашата кожа може да има значително влијание. Понекогаш се случува кожата да старее побрзо отколку што би сакале, што може да резултира да изгледаме постаро отколку што навистина сме.

Американскиот дерматолог др. Алексис Е. Абрамсон споделува едноставен тест кој ќе помогне да се процени колку е „млада“ или „стара“ нашата кожа. Тестот за еластичност на кожата се изведува со помош на прстите: палецот и показалецот од едната рака нежно ја повлекуваат кожата на задниот дел од другата рака и држете ја пет секунди. После тоа се мери колку време и е потребно на кожата да се врати во првобитната состојба. Колку е пократко времето потребно на кожата, толку кожата се смета за „помлада“, објаснува др. Абрамсон.

Ако на кожата и се потребни една до две секунди за да се опорави, тоа покажува дека кожата е „помлада“ од 30 години.
Кожата на која и се потребни три до четири секунди е стара помеѓу 30 и 44 години.
Времето од пет до девет секунди укажува на кожа на возраст меѓу 45 и 50 години.
Ако на кожата и се потребни десет до 15 секунди, староста на кожата е околу 60 години.
Времето подолго од 15 секунди укажува на изгледот на кожата карактеристичен за седумдесетгодишниците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk