Home » Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче

by Журнал.мк

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај што ја потресе целата јавност.

Судењето против Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, траеше десет месеци. Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања, кој е обвинет за помагање, побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023 година, првообвинетиот Палевски, заедно со уште тројца претходно обвинети, заеднички извршиле грабнување на оПанче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.

Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото наречено Рудник во околината на Велес, каде што од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол во калибар од 9 милиметри.

На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски-Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk