Home » Дончиќ и Леброн повторно немоќни, пораз и од Орландо

Дончиќ и Леброн повторно немоќни, пораз и од Орландо

by Журнал.мк

Лос Анџелес Лејкерс врза три порази по ред, а на двата последни меча играа со комплетен состав, ноќеска загубија од Орландо со 118-106, нов неуспех доживеа и Денвер на кого тешко му оди без Јокиќ, тие беа поразени од Чикаго со 129-119.

Магичните се тимот кој постигнува најмалку поени во просек оваа сезона, но и тие изгледаа пресилно за Лејкерс кој беше комплетен.

Во составот на Лејкерс, Лука Дончиќ беше најефикасен со 32 поени, толку постигна и Вагнер кај Орландо, Бакеро даде 30 поени за домаќините, а Леброн мечот го заврши со 24 поени.

Нов пораз доживеа и Денвер кој загуби на свој терен од Чикаго со 129-119. На поранешниот шампион тешко му оди без Никола Јокиќ кој е надвор од теренот поради повреда.

Вајт имаше своја вечер во составот на Чикаго постигнувајќи 37 поени, најефикасен кај Денвер беше Мареј со 28 поени.

Резултати:

Индијана – Минесота 119-103
Орландо – ЛА Лејкерс 118-106
Вашингтон – Торонто 104-112
Бруклин – Далас 101-120
Њу Орлеанс – Филаделфија 112-99
Денвер – Чикаго 119-129
Феникс – Милвоки 108-106
Сакраменто – Бостон 95-113

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk