Два случаи на семејно насилство се пријавени во охридската полиција на 23 мај. Во едниот случај, маж од Скопје физички ја нападнал својата невенчана сопруга, а во другиот, охриѓанец бил приведен поради агресивно однесување кон семејството и оштетување на покуќнина. Полицијата презема мерки, а по целосно документирање, ќе следуваат соодветни пријави против напаѓачите.
„На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид“, велат од МВР.
И друг случај е пријавен.
„На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.