Оризовата арпа повеќе од два месеца не се откупува. Вререќите полни со минатоодишниот род им стојат во амбарите на оризопроизводителите. Револтирани се што има застој на откупот и не се почитува договорот постигнат во ноември лани. Кочанските оризопроизводители тврдат дека во амбарите стои од 70 до 80 проценти од минатогодишната реколта.
Кочанските оризопроизводители велат дека се должни по аптеките, пари немаат, а оризот во амбарите го јадат птиците. Актуелната откупна цена им е како пред три години. Забележуваат дека пред Нова година и во јануари никогаш немало застој на откупот на оризот, според нив ова се должи и на увезениот ориз од Азиските земји.
Ресорниот министер Цветан Трипуновски смирува и вели дека во моментов се прават анализи колкава количина на оризона арпа е откупена до крајот на 2024 година, согласно договореното со откупувачите. Вети дека ќе има средба со кочанските оризопроиизводителите, решение ќе има со дополнителна субвенција и откуп на ориз за стоковите резерви.
Според оризопроизводителите. во амбарите стојат околу 29.000 тони оризова арпа. Новата сеидба им стартува во април и мај.