Home » Долга колона возила на граничниот премин „Богородица“

Долга колона возила на граничниот премин „Богородица“

by Журнал.мк

Во земјава од утре следуваат три неработни дена поради празникот на словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Покрај тоа што има три слободни дена за користење, многу од граѓаните се упатуваат кон Грција уште попладнево по завршување на последниот работен ден.

Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ во овој момент се гледа голема фрекфенција и гужва на граничниот премин „Богородица“ за влез кон Грција.

Утре се очекува уште поголеми гужви, особено од рано наутро, додека слична ќе биде ситуацијата на сите гранични премини низ државава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More