Двајца доктори предизвикале физичка пресметка вчера во Клиничката болница во Штип, што ја шокираше медицинската заедница. Инцидентот бил пријавен на 5 февруари во 12:45 часот.
Според информациите од СВР-Штип, Н.Т., лекар од Штип, пријавил дека на работното место, во операционата сала на Клиничката болница, бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш. Во одбрана, Н.Т. возвратил на нападот.
Полицијата започнала истрага за случајот, а по целосно расчистување на сите околности, ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителот.