Доктор Драган Даниловски алармира за нова измама во кое се злоупотребува неговото име на социјалните мрежи.
– Повторно осамна рекламно видео за „Hipertea” со злоупотреба на мојот идентитет! Јас во оваа гнасна конструкција сум претставен како кардиолог кој го препорачува безвредниот чај. Со помош на вештачка интелигенција имитиран е делумно мојот глас кој е „залепен“ на мое некогашно интервју на ТВ Телма, но зборувам со бугарски акцент и постои проблем при изговорот на некои букви. Очигледен аматерски фалсификат. За жал, многу наивни граѓани ќе поверуваат. Не наседнувајте. Очигледно, бандитите не мируваат!, напиша познатиот македонски доктор на својот фејсбук профил.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3801173666802026&id=100007282895748&ref=embed_post