Home » Доказите против Палевски се цврсти – денеска продолжи судењето

Доказите против Палевски се цврсти – денеска продолжи судењето

by Журнал.мк

Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека нема да влијае изјавата на Влатко Кешишов која минатата недела ја промени на посмено во истражниот затвор Шутка.

Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази.

Судењето влегува во финишот на испрашување на сведоци и веќе од следните рочишта ќе се изведуваат материјални докази.

Ново судско рочиште почна денска во 10 часот, за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во скопскиот Кривичен суд на кое треба да сведочат тројца свердоци.

На претходното судење кое се случи минатата недела еден од обвинетите, Влатко Кешишов даде писмена изјава дека Палевски не е убиецот на девојчето и велешанецот. На почетокот на судскиот процес пак обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.

За киднапирање и свирепо убиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk