Home » Додик тврди дека ОБА планирала атентат врз него и врз Вучиќ

Додик тврди дека ОБА планирала атентат врз него и врз Вучиќ

by Журнал.мк

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека е „општо познато“ дека Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА) на Босна и Херцеговина планирала негова ликвидација како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој рече дека тоа е една од причините поради која поранешниот директор на ОБА Осман Мехмедагиќ Осмица е во затвор.

„Тоа беше целосно разработена шема во која тие прво развија мрежа за мониторинг во Србија на претседателот Вучиќ и неговите активности. Тие ги подготвија медиумите за се, од Федерацијата на Босна и Херцеговина до Вучиќ и мене“, рече Додик.

Според него, сега има „доказ од организациски карактер“ дека групи се подготвувале за егзекуција, пренесе Бета.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk