Home » Додик: Нема да дозволам конфликти во Босна и Херцеговина, не сум човек на војната

Додик: Нема да дозволам конфликти во Босна и Херцеговина, не сум човек на војната

by Журнал.мк

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик денеска во Дервента изјави дека нема да дозволи конфликти во Босна и Херцеговина (РС), бидејќи не е „човек на војната“.

„Тоа добро го знаат во Сараево, бидејќи форсираат таква приказна“, рече Додик на форумот во тој град, пренесе Радио телевизија на Република Српска (РТРС).

Тој изјави дека РС е „посветена на мирот, но нема да дозволи одземање на имотот и јурисдикцијата“.

„Тие сакаат да ми забранат да се занимавам со политика и да ме спречат да се кандидирам на претстојните избори. Тоа е нивната примарна цел, а крајната цел е имотот на РС. Затоа почнаа да ме напаѓаат. Велат дека се заканувам со отцепување, што не е точно“, рече Додик.

Понатаму рече дека Република Српска најмногу добила од Србија во времето на Александар Вучиќ.

„Од Милошевиќ до денес соработував со сите претседатели на Србија, а најмногу добивме од Александар Вучиќ“, посочи тој.

Тој изјави и дека „многубројни пријатели во светот ја разбираат ситуацијата во Република Српска и дека тој е одговорен само пред луѓето што го избрале“.

„Република Српска никогаш немала таков круг на пријатели. Руската Федерација е со нас. Се сретнав со рускиот претседател Владимир Путин 26 пати и ќе се видам повторно во мај“, нагласи Додик, додавајќи дека не дозволил БиХ да воведе санкции кон Русија.

Тој изјави дека Израел и Унгарија се пријателски земји за Република Србија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk