Home » Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ

Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ

by Журнал.мк

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска не се појави на сослушувањето во Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) во Сараево, кое го сомничи за напад на уставниот поредок на БиХ.

Сослушувањето на Додик во Обвинителството на БиХ беше закажано за 12 часот, но тој, како што претходно најави, не се одзвал на поканата, објави сараевскиот портал Кликс.ба.

Додик претходно изјави дека РС не ги признава активностите на Обвинителството на БиХ на нејзина територија.

Според Законот за кривична постапка на БиХ, на Додик ќе му биде испратена уште една покана за сослушување.

Додик е осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони со кои се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА), на територијата на РС.

Покрај него, во овој случај осомничени се и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.

Овие закони беа усвоени од Националното собрание на РС на 27 февруари, а на 7 март Уставниот суд на БиХ ги поништи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk