91
На почеток традиционално со почит кон некогаш првите училишта- манастирите, дел од учесниците заедно со своите ментори и родители го посетија манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Јанкоец каде ја направија штафетата „Цвеќе на мирот“ од сликарот Живко Поповски Цветин.
Манифестацијата се одржа во спортската сала “Зоран Стојановски” во Ресен каде беше промовирана збирката со детска поезија „Детски гласови 2024“.
Настанот го отвори организаторот и уредник на збирката м-р Даринка Веслиевска, а учесниците ги поздравија рецезентката, новинарка и уредничка Валентина Ѓоргиевска Парго, лекторот на збирката, професор по македонски јазик Влатко Стојковски и проф. д-р Елизабета Бандиловска, како и поетите Рамадан Далиповски и Сотир Чаушевски како членови на стручното жири.
Збирката има 77 автори деца од 8-18 години, а на настанот промоција на своите творби направија околу 50 учесници.
Откако присутните учесници ги прочитаа своите творби, организаторката додели десет медали за лојалност на учесниците кои имаат петгодишно учество во речиси сите активности на здружението.
Гран при наградата за најубаво изрецитирана поетска творба ја доби Сара Стојческа од Прилеп со песната “Лето”.
Сите учесници добија примерок од збирката и благодарница за учество. Првите три места покрај збирката добија пехари и пофалници.