Полицијата, вчера два часа пред полноќ, уапсила млада велешанка за поседување дрога.
Како што информираа од полицијата, на 18.09.2024 во 22.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода В.С.(22) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена зелена растителна материја.
В.С. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.