Home » Добро е што се укинува „балансерот“, вели Ковачевски

Добро е што се укинува „балансерот“, вели Ковачевски

by Журнал.мк

„Добро е што се укина балансерот“, изјави поранешниот премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, во подкастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд за укинување на алатката за вработување на припадници на немнозинските заедници во јавната администрација.

„Балансерот“ е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните амандмани. Но, тој потоа се злоупотребуваше. Македонци се изјаснуваа за Албанци, Роми Турци, Албанците за Турци, Власи за вработување и не ги даде резултатите“, рече Ковачевски.

Конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.

„Ова е одлука на Уставен суд и не се коментира. Надминато е решението. Добро е што се укина балансерот бидејќи ќе треба ново решение“, рече Ковачевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk