Фудбалерот на Фиорентина, Моиcе Кин, е пуштен од болница откако се здоби со повреда на главата на вчерашниот натпревар против Верона.
Иако на почетокот се чинеше дека се работи за посериозна повреда, клубот денеска соопшти дека Кин е пуштен на домашно лекување и дека сите тестови се добри.Напаѓачот на „виолетовите“ синоќа од Верона се врати во Фиренца. Сите клинички тестови беа негативни, а во извештајот се наведува дека има само надворешни повреди.
И покрај добрите резултати Кин нема да игра во следното коло против Лече. Фиорентина за краток период доживеа два сериозни здравствени проблеми. Прво Едуардо Бове колабираше против Интер, а сега падна и Моиcе Кин, за среќа и двата случаи завршија со позитивен исход.