Добредојде на новиот амбасадор на ЕУ, Микалис Рокас: Заедничка посветеност кон европската иднина!
Утрово ги примив копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија, г. Микалис Рокас.
Му посакав срдечно добредојде и истакнав дека неговата дипломатска мисија започнува во клучен момент за нашата европска иднина. Верувам дека со заедничка посветеност ќе постигнеме значаен напредок кон нашата стратешка определба – членство во ЕУ.
На средбата го изразив и задоволството од континуираната поддршка на Европската унија во реформските процеси и стабилноста на земјата, и ја нагласив подготвеноста за понатамошно зајакнување на нашето партнерство, засновано на заеднички вредности и интереси.