Home » „Добар знак е желбата на Македонија за дијалог, ја поканувам претседателката во Софија“, рече Радев

„Добар знак е желбата на Македонија за дијалог, ја поканувам претседателката во Софија“, рече Радев

by Журнал.мк

Бугарија очекува промена на реториката на Северна Македонија и конечно – крај на јазикот на омразата. Ваква порака упати бугарскиот претседател Румен Радев до претседателката Силјановска-Давкова.

„Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од Обединета Европа со исполнување на сите барања за членство, како што тоа го направи секоја земја од Европската унија“, коментира Радев.

Според бугарскиот претседател, поради набиената програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со македонската делегација, која престојува во Рим и е предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Радев ја дефинираше желбата за дијалог како позитивен знак и рече дека ќе ја покани претседателката на Северна Македонија во Софија.

„Сметам дека желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, изјавил Радев.

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Ова е нејзина прва посета во странство по преземањето на функцијата на 12 мај.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More