Home » Доаѓа влажен бран со дожд и снег низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Доаѓа влажен бран со дожд и снег низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за времето

by Журнал

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот.

Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота навечер, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта кон недела и во недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за појава на дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.

Прогноза за 06.01.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и на планините со повремено засилен јужен ветер. Во ноќта кон недела на планините на северозапад ќе започнат врнежи од снег.

Прогноза за 07.01.2024
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Претежно облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 08.01.2024
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Претежно облачно со услови за појава на слаб дожд, на планините од слаб снег, а слаб снег ќе провејува и понекаде на повисоките места. Ќе дува слаб ветер кој од средината на денот ќе се менува во северен со повремено умерен интензитет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More