Home » До Управниот стигнала една тужба од ВРЕДИ, ДУИ поднесе тужби за сите седум избирачки места

До Управниот стигнала една тужба од ВРЕДИ, ДУИ поднесе тужби за сите седум избирачки места

by Журнал.мк

До Управниот суд денеска е пристигната една тужба против одлуката на Државната изборна комисија и тоа од Коалицијата ВРЕДИ за Парламентарните избори 2024.

Се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во долна Бањица, гостиварско. По поднесената тужба, Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно роковите определени во Изборниот законик… Крајниот рок за овој предмет истекува на полноќ.

Претпладнево тужба против одлуката на ДИК до Управниот суд најавија и од ДУИ за сите седум места каде што е поништено гласањето.

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но исто така утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај.

До ДИК беа поднесени 27 приговори за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни.

Беа усвоени седум од нив бидејќи таму беше евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево.

Откако беше поништено гласањето во шест избирачки места во ИЕ5 и едно во ИЕ 6 и стана јасно дека се загрозени два мандати на ДУИ, Османи на средба со неколку амбасадори вчера реагираше за работата на Државната изборна комисија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More