Депонијата Буково ќе се покрива со земја.Со ребаланс на буџетот на Општина Охрид следниот петок ќе се издвојат средства за 2000 кубика земја како привремено решение за граѓаните повеќе да не се гушат во неподнослива миризба и чад од сметот кој постојано се потпалува.
Првиот човек на градот за ТВ 24 вели дека следната година депонијата ќе се огради и осветли а ќе има и видеонадзор се до нејзината трајна дислокација.
Според планот оваа депонија треба да се затвори,ѓубрето да се дислоцира во нова регионална во општина Новаци но проектот за нејзината изградба сеуште не е реализиран.Пецаков очекува активностите да започнат напролет а депонијата да биде изградена за четири до пет години.
Затворање на депонијата Буково е и една од најприоритетните препораки на Унеско.
Неодамна 20 ина граѓански организации и пет месни заедници на селата кои гравитираат околу депонијата здружени во иницијатива ,,Збогум Буково” побараа нејзина дислокација. Велат веќе не можат да го издржат чадот и неподносливата миризба а стравуваат и за здравјето кое со години им е под голема опасност.Алармот за штетните последици го вклучија и екологистите.