Home » До средината на неделава стабилно време со ниски утрински температури и под -15 степени

До средината на неделава стабилно време со ниски утрински температури и под -15 степени

by Журнал

До средината на оваа седмица времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Како што соопштуваат од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.

Времето утре наутро ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -8, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.

Во Скопје наутро ведро и многу студено, преку денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне 3 степени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More