Home » До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори

До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори

by Журнал.мк

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори. На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска.

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски има собрано 21 852, а Гордана Силјановска 28 029 гласови.

Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на Левица и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Димитриевски има освоено 11 601, Османи 11 085, Јакимовски 10 887 потписи, Таравари 10 709 потписи и Ванковска Цветковска 10 432.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 596, кандидатот Вело Марковски – 1466 потписи, Ѓорѓи Манасков – 429, Зорица Цветковска – 204, Господин Попоски има 119 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108 409 граѓани.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март до полноќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More