13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

До крајот на јануари ќе бидат познати новите препораки на УНЕСКО

Најчитани вести

Каков извештај и нови препораки ќе добие Охрид од реактивната мисија на Унеско ќе се знае на крајот на јануари. Градоначалникот Георгиески  смета дека градот не може да го изгуби УНЕСКО статусот, но не ја исклучува можноста регионот да се најде на листата на загрозени подрачја на следаната сесија со оглед на тоа дека се доцни со исполнување на некои од препораките како со стратешката еваулација за влијанието врз животната средина, отстранувањето на бесправните објекти, решавањето на депонијата Буково, и со носењето на урбанистичките планови“.

Градоначалникот Георгиески е дециден дека во иднина ќе треба поангажирано да се пристапува кон препораките на Унеско но според него голем дел од нив се неостварливи и нелогични.

Најтежок за релизација е усогласувањето на деталните урбанистички планови со планот за управување со природното и културно наследство бидејќи станува збор за долготраен процес.

Од невладината Охрид СОС сметаат дека Охридскиот регион всушност и треба да биде ставен на листата на светско наследство во опасност, токму поради, како што велат, игнорантскиот однос кон исполнување на забелешките кои најмногу се однесуваат на дивоградбите ,неконтролираниот урбан развој и експлоатацијата на крајбрежјето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести