Home » До крајот на септември јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието

До крајот на септември јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието

by Журнал.мк

До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем на Електронски национален регистар на прописи.

Министерството за образование и наука ја повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно-образовниот процес“.

Станува збор за целосно нови предлог-закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.

Предлог-решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.

-Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем – велат од МОН.

Сугестии и предлози за надополнување односно измена на законските решенија може да се доставуваат до крајот на месецов на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk