Home » До крајот на неделата, средба Мицковски – Таравари

До крајот на неделата, средба Мицковски – Таравари

by Журнал.мк

До крајот на оваа недела се очекува да се реализира средбата Мицкоски–Таравари. На оваа средба ќе се дознае дали Таравари и неговата партија ќе бидат дел од Владата или ќе преминат во опозиција. Средбата ја потврди и самиот Таравари, кој пред медиумите изјави дека се во комуникација со премиерот и дека ќе се сретнат.

“Досега нашата одлука е само една, а тоа е дека на листите за советници Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно. За кандидатите за градоначалници имаме кажано дека сме отворени, пред сè со ВЛЕН, ако се расположени. Ако немаат, втората опција е самостојно, понатаму ќе видиме”, рече Арбен Таравари – Министер за здравство.

Во меѓувреме, вицепремиерот на Владата Александар Николоски во интервју за „360 степени“ изјави дека доколку Таравари соработува со ДУИ, тоа би претставувало политичко самоубиство.

Оваа изјава на Николоски предизвика реакција од ДУИ. Од оваа партија прашуваат: „Зошто целата оваа омраза кон ДУИ и кон Албанците?“

„Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека „соработката на една албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство“ не претставува ништо друго освен доказ за нивната опасна амбиција за инженеринг на албанската политичка сцена, со цел создавање марионетска албанска структура под контрола, и воедно, доказ за нивната одмазда кон ДУИ и Албанците од длабоки геополитички, антиевропски и шовинистички побуди„, велат од ДУИ.

Прашањето за заминувањето на Таравари од Владата стана актуелно откако претседателството на неговата партија донесе одлука дека на следните локални избори, со листи за советници ќе се натпреваруваат самостојно, додека за градоначалници се отворени за соработка. Од ВЛЕН обвинуваат дека Алијанска сака да излезе од коалицијата, истакнувајќи дека всушност Таравари има тајна соработка со ДУИ. „И со ДУИ и во Влада, не може“, изјави вицепремиерот Изет Меџити.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk