Home » До крајот на неделата се очекува да има нов директор на туристичкиот центар Попова шапк

До крајот на неделата се очекува да има нов директор на туристичкиот центар Попова шапк

by Журнал.мк

По поплаките од хотелските менаџери на Попова шапка дека подготовките за новата сезона се уште не се започнати, првиот човек на општина Тетово, Билал Касами денеска изјави дека до крајот на неделата ќе има нов директор на зимско рекреативниот центар Попова шапка, а ќе започнат и интензивните подготовки за зимската сезона.

Касами рече дека во соработка со претпријатието „Улица и патишта“ како и со општината ќе се изврши поправка на некои јами и канализации, со цел туристичката сезона да биде добра.

„Оваа недела ќе го имаме и директорот на Попова шапка, односно туристичкиот центар Попова шапка и ќе почнат подготовките за сезоната„, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами најави отворање на патот преку кружниот тек во село Лисец, за да се олесни движењето.

„Годинава се очекува и пробивање на кружниот тек доколку ни послужат климатските услови за да може да се користи како алтернативен пат за пристап до Попова шапка„, додаде тој.

На Попова шапка, според информациите на Алсат, ќе има истраги поврзани со штетите што наводно намерно и биле направени на жичарата, за да се спречи навремено започнување на зимската сезона.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk