До крајот на месец мај има еден неработен ден, но тој се паѓа во ден од викенд.
24 Мај (сабота) се одбележува денот на Ден на сесловенските просветители, на светите браќа „Св. Кирил и Методиј“.
За православните верници во земјава неработен ден ќе биде 6 јуни (петок), кога се одбележува Духовден, односно петок пред Духовден.
За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден ќе биде 6 јуни (петок) – првиот ден на Курбан Бајрам.
За граѓаните припадници на влашката заедница во земјава неработен ден е 23 мај (петок), Национален ден на Власите.