Home » Дојран се подготвува за Националното триатлон првенство

Дојран се подготвува за Националното триатлон првенство

by Журнал.мк

Наредниот викенд во Дојран ќе се одржи Националното триатлон првенство во организација на Триатлон федерацијата на Македонија. Помагатели на настанот се Општина Дојран, Агенција за млади и спорт и Македонски Олимписки комитет.

Настанот кој станува се популарен во земјава и на кој секоја година земаат учество се поголем број на спортисти, ќе се случува на 15-ти и 16-ти јуни, и тоа во сабота на 15-ти ќе учествуваат сениори, јуниори, кадети и мастерс, а пак во недела, на 16-ти јуни ќе учествуваат деца и ќе се одржи штафетен триатлон.

Настаните започнуваат во девет часот, а пријавувањето за истите се затвора утре на полноќ.

На триатлонот учествуваат натпреварувачи кои се членови во триатлон клубови, но и рекреативци кои немаат членство во клуб.

Триатлонот во Македонија за прв пат беше промовиран од страна на спортскиот работник Ѓорги Кузмановски во 1994 година, кога беше организиран натпревар на езерото Треска. Во годините потоа, триатлон спортот стана се попопуларен во земјава, и се отворија повеќе клубови.

Триатлон Федерацијата пак е основана во 2001 година, и за претседател беше избран основоположникот Кузмановски. Во 2016 година тој беше промовиран за почесен претседател на Триатлон Федерацијата, а се до неговата смрт во 2022 година, на 80-годишна возраст, беше присутен на триатлоните во земјава, давајќи им поддршка на натпреварувачите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More