Home » Дојран доби модерно возило за метење и миење на улиците

Дојран доби модерно возило за метење и миење на улиците

by Журнал.мк

Веста ја објави градоначалникот Анго Ангов на неговиот фејсбук профил, каде напиша дека целта на набавката на ова специјализирано возило е подобрување на хигиената и чистотата на јавните површини и улиците во Општината.

Општина Дојран доби ново, модерно и мултифункционално возило за метење и миење под висок притисок на улици, тротоари и други јавни површини со капацитет од 4,5 метри кубни и резервоар за вода од 3.500 литри.

Веста ја објави градоначалникот Анго Ангов на неговиот фејсбук профил, каде напиша дека целта на набавката на ова специјализирано возило е подобрување на хигиената и чистотата на јавните површини и улиците во Општината.

Инаку, возилото е набавено во соработка со Бирото за регионален развој (БРР) и Општина Дојран. Целиот износ на набавката изнесува 5.778.003 денари од кои 4 милиони денари се преку БРР, а 1.778.003 денари е учество на локалната самоуправа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk