Утрово неколку образовни институции во Црна Гора повторно добиле дојави за бомби, јавува порталот РТЦГ. Во тек е евакуација на децата од неколку градинки, основни и средни училишта.
Повикувајќи се на информациите добиени од местото на настанот, медимот наведува дека учениците и вработените веќе го напуштиле училиштето „Сергиј Станиќ“ за средно и високо стручно образование.
Од Полициската управа за порталот изјавиле дека во тек е увид и дека наставата ќе продолжи кога ќе се прегледаат објектите и ќе се утврди нивната безбедност.