25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Дневно умирале по 7 лица во 2020 година како последица од Ковид-19

Најчитани вести

2503 смртни случаи поврзани со последници од КОВИД19 регистрирало министерството за здравство во цела 2020 година. Речиси три четвртини од смртните случаи се регистрирани во последното тримесечие од годината. Од почетокот на октомври до крајот на годината починале вкупно 1764 лица. По месеци, најголем број на починати се регистрирани во ноември, 769.

Малку подобро поминал декември кога за 31 ден статистиката на починати пациенти пораснала за 740 лица. Најголемиот месечен раст е постигнат меѓу ноември и декември. Просечно, во 2020 дневно умирале по 7 лица како последица од ковид19. Ако се знае дека првите смртни случаи се регистрирани во март, просечниот број на починати пациенти во останатите три четвртини од годината надминува 9 на дневно ниво.

Прегледот на бројот на починати пациенти како последица од корона вирусот покажува дека епидемијата во земјата минатата година имала три пика. Најсилниот бил во ноември, а претходните два се регистрирани во  јуни и април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести